калаен | прид.

Што е од калај, што е калаисан. Калаени садови.

калаиса | св.

Обложи со калај. Ја калаиса тепсијата.

каламар | м.

(истор.) Сад со прашок за посипување на напишаното со мастило.

каламбур | м.

Игра на зборови со ист или сличен гласовен состав, но со различно значење; вид стилска фигура.

калап | м.

Посебно изработен предмет со помош на кој се обликува тоа што се произведува, што се изработува или поправа. Чирачето му го донесе дрвениот калап за чевли. Беа празнично облечени, со фесови извадени од калап. Жешката маса се истура во помали и поголеми калапи. Калап за торта.

калапар | м.

Тој што калапи тутун. Калапарите седеа наведнати над големите синии за калапење.

калапи | несв.

Редејќи набива во врзоп листови тутун. Во задружниот дом жените ронеа пченка и калапеа тутун.

калауз | м.

Направа во вид на кука со која може да се отвори секоја обична брава. Човекот е порта со девет брави, со еден калауз тоа чудо не се отвора.

калаф | м.

Футрола.