колкупати | прил.

Многу често. Колкупати се разболе од грип!

колкуцка | прил.

Малку, сосема малку. Колкуцка јаде мачето!

колкуцкав | прид.

Малечок. Колкуцкав останал!

колнатик | м.

Тој што е проколнат. Доаѓаме пред Бога, да молиме ние колнатиците.

колне | несв.

Гласно кажува зборови со кои посакува несреќа на некого. Аир да не види – колнеа жените.

колнеж | м.

Со колнежи и клетви го наградува.

коло | ср.

Предмет во облик на тркало. Воденичко коло.

колобан | м.

Крупен, многу висок човек.

коловоз | м.

Паралелни траги на пат вдлабени од коли.