коложег | м.

Народен назив за месецот јануари.

колоид | м.

Материја што се наоѓа во состојба на висока раздробеност, до најситни честички, што не кристализира, а во вода дава густ, пивтиест раствор, на пр. желатин, белковина и др.

колоквира | св. и несв.

Полага колоквиум.

колоквиум | м.

Разговор; испрашување, проверка на студенти пред испитната сесија.

колоквијален | прид.

Што е разговорен, што е својствен на секојдневниот говор. Колоквијален јазик. Колоквијален стил.

коломаст | м.

Маст за подмачкување на тркала, колца, осовини и сл.

Коломбо | ср.

Главен град на Шри Ланка.

колона | ж.

(архит.) Столб што потпира дел од конструкцијата на зграда или е самостојно издигнат како споменик, украс.

колонада | ж.

Ред столбови поврзани со греда или со лакови како дел од архитектонска целина. Градбата има безброј скали и тремови со колонади.