колор | м.
Боја – во состави: колор телевизор, колор екран, колор фотографија.
Колорадо | ср.
Река и сојузна држава во САД.
колоратура | ж.
Виртуозно извивање на гласот при пеење.
колоратурен | прид.
Што се одликува со колоратура; што добро изведува колоратури. Колоратурен сопран.
колорист | м.
Уметник за кој боите имаат важно место во уметничкото изразување, мајстор на колоритот.
колористика | ж.
колорит | м.
Општ тон што превладува и што предизвикува општ впечаток во соодносот на боите на една слика. Цветен колорит. Црвен колорит.
колоритен | прид.
Што е со изразит колорит, што јасно ги изразува особините на нешто. Колоритни слики. Колоритен пејзаж.
колос | м.
Суштество со огромен, џиновски раст, џин, или предмет (статуа, градба) со огромна големина. Планинските колоси испуштија крикови до сонцето.
колоса | св.
Натопи ткаенина во раствор на кола и испегла за да стане тврда; наштирка. Ги колосав чаршафите. Ја колоса јаката од кошулата.