колонизатор | м.
Тој што спроведува колонизација, тој што освојува и експлоатира туѓи територии. Продолжува безобѕирното освојување на колонизаторите во Африка.
колонизација | ж.
Насилно претворање на туѓа земја во колонија. Победникот во војната изврши колонизација на освоената територија.
колонизира | св. и несв.
Спроведе, спроведува колонизација. Владетелот ги колонизира освоените територии.
колонист | м.
Населеник на колонија. Многу колонисти беа во потрага по нови пасишта.
колонија | ж.
Земја без државен суверенитет, со посебно регулиран статус на потчинета земја под власт на некоја држава. Завојувачите ја направија оваа земја најсиромашна од сите колонии.
колонијал | м.
Производи од некогашните колонии на европските држави.
колонијален | прид.
Што се однесува на колонија; што е во врска со колонија. Колонијална политика. Колонијални војни.
колонијализам | м.
Систем, политика што се стреми кон освојување туѓи земји и нивно претворање во колонии.
колонка | ж.
колонски | прид.
Само во изразот: колонска вода – раствор на мирисливи материи во алкохол што служи како козметичко средство и за освежување. Се напрска со колонска вода.