колосален | прид.
Необично голем, огромен; извонреден. Колосално дрво. Колосален потфат.
колосек | м.
а) Пруга, железничка или трамвајска, оформена од две паралелни шини. Тесен колосек. Широк колосек. б) Место за пристигање и поаѓање на возовите на железничка станица. Возот тргнува од третиот колосек.
колострум | м.
Густа млечна маса што истекува во првите денови по породувањето од градите на жената или од женско животно.
колофониум | м.
Цврста и проѕирна светложолта смола од иглолисни дрвја што се употребува за премачкување на струните на гудачките инструменти, за изработка на сапуни, лакови и др.
колпиде | ср.
колпите | ср.
Вид пита кај која корите се виткаат во колца, во круг.
колпортер | м.
Продавач на весници на улица.
колски | прид.
Што се однесува на кола. Колски пат. Колска работилница.
колтук | м.
(дијал., анат.) Делот од раката до лактот, од долната страна; мишка.
Колумбија | ж.
Држава во Јужна Америка.