колхоз | м.

Колективно селско стопанство, селска работна задруга во Советскиот Сојуз.

колхозен | прид.

Што се однесува, што припаѓа на колхоз.

колхозник | м.

Тој што работи во колхоз.

колце | ср.

Дем од коло 2. Тркало.

колцина | прил.

колчак | м.

Вез опшиен со гајтан. Беше еден опнат, средна доба човек, со колчаци по колениците на бечвите.

колче | ср.

Дем. од кол.

колчишта | и.

Необработени влакна од коноп и лен.

колџија | м.

Чувар на државен имот; даночник. Пет-шест души колџии ги чуваа сите шуми. Ги честеше дебело разните колџии.

кома 1 | ж.

(мед.) Состојба на длабока, долготрајна несвестица. По несреќата старецот падна во кома. Животното се тресе по будењето од кома.