кома 2 | и.
Запирка, обично во децимални броеви. Еден кома пет килограми.
комад | м.
команда | ж.
Куса усна заповед по установен образец во војската или во спортската обука. Не пукај без команда. На команда сите тргнаа. Офицерот издаде команда.
командант | м.
Заповедник на воена единица (поголема од баталјон), на град, на воен брод, воен округ, тврдина и сл. Уживаше углед на одличен командант, вешт, решителен, храбар.
команден | прид.
Што се однесува на команда.
командир | м.
Заповедник на помала воена, полициска или друга единица. Командир на чета. Командир на стража. Командир на одделение.
командировка | ж.
Команда за службен пат, или прекоманда.
командува | несв.
Издава команди, заповеда.
комар 1 | м.
комар 2 | м.
Различни видови хазардни игри, игри за пари; коцкање. Игра комар по баровите и хотелите. На комар ја изгуби куќата.