комарец | м.
Вид двокрилен инсект со тенко тело и долги нозе што ја цица крвта на луѓето и на животните; Culex pipiens. Маларични комарци. Цела ноќ комарците брмчеа и го касаа.
комарник | м.
Мрежа за заштита од комарци и од муви. Прозорецот имаше комарник.
комарџилница | ж.
Место, просторија што се користи за коцкање; коцкарница. Вие не ја гледате вистинската опасност – комарџилниците.
комарџија | м.
Тој што се коцка; коцкар. Комарџиите осамнуваа по масите, тркалајќи ги зарчињата.
комасација | ж.
Групирање на распарчени земјоделски парцели заради поекономична обработка и добивање поголема добивка од нив.
комат | м.
Пита со зелје.
коматар | м.
Човек што многу јаде, изеслив човек. Овој коматаров цела фурна изеде.
комати | несв.
Дели, крши нешто на комати, на парчиња. Не комати го сиот леб!
коматозен | прид.
Што се однесува на кома1. Коматозна состојба.
комај | прил.
Речиси. Комај време е за ручек. Посвршен, комај оженет.