комбајн | м.
Комбинирана земјоделска машина што може истовремено да врши повеќе операции, да жнее и да врши и сл. Комбајнот жнее и товара во приколката. Започна жетвата со комбајн.
комбајнер | м.
Тој што управува, што работи се комбајн. Беше прогласен за најдобар комбајнер во државата.
комбе | ср.
Моторно возило, помало од автобус, наменето за превоз на патници (8 до 10) или за разнесување стока и др. Дојде комбето со храна за работниците.
комби | ср.
комбинат | м.
Големо производствено претпријатие во кое со технолошкиот процес се обединети повеќе помали претпријатија од различни производствени гранки. Металуршки комбинат. Хемиски комбинат. Дрвен комбинат.
комбинатор | м.
Тој што прави комбинации, што умее да комбинира.
комбинаторен | прид.
Што се одликува со комбинаторика. Комбинаторна игра.
комбинаторика | ж.
(мат.) Дел од елементарната математика во кој се проучуваат образуваните множества од даден број елементи.
комбинација | ж.
Спој, соединување на еднородни или разнородни предмети, елементи и нивно поставување во определен ред. Комбинација на зборови од различни зборовни групи. Гласовна комбинација.
комбине | ср.
Вид женска долна облека во облик на кошула без ракави.