комесаријат | м.

Власт, дејност и седиште или канцеларија на комесарот.

комета | ж.

Небесно тело со мала маса и густина; се состои од глава и од сјајна опашка; ѕвезда со опашка, опашеста ѕвезда.

комизам | м.

Комичната, смешната страна на нештата. Во неговите дела нема комизам и лакрдија.

комика | ж.

Тоа што е смешно, што предизвикува смеење. Секоја комика носи благородна цел, да насмее. Претставата носеше радост и комика.

комина | ж.

Остаток од овошјето, обично од грозје по гмечењето, кој се остава да ферментира по што се точи вино, се вари ракија и сл.

коминарка | ж.

Вид ракија добиена од комина; комова ракија. Испи две чаши лута коминарка.

коминарник | м.

Вино што се лежи во комињето и се точи од него непосредно пред употребата.

коминике | ср.

Службено соопштение; официјален извештај. По конгресот беше издадено коминике.

комисион | м.

Трговска фирма што продава туѓи предмети за определен надоместок.

комисионен | прид.

Што се однесува на комисион. Комисиона продавница.