коментарисува | несв.
коментатор | м.
Тој што коментира.
коментира | св. и несв.
Искаже, искажува свое мислење за нешто. Како ги коментирате последниве настани?
комерција | ж.
Трговија. Работи во комерција.
комерцијален | прид.
Што е поврзан, што се однесува на комерција, трговија. Комерцијален директор.
комерцијалец | м.
Специјалист за трговски работи;
комерцијализација | ж.
Насочување на некоја дејност кон поголема финансиска добивка. Комерцијализацијата во уметноста може да биде штетна.
комерцијализира | св. и несв.
Воведе, воведува комерцијални методи во некоја работа. Ја комерцијализира издавачката дејност.
комерцијалист | м.
Лице што работи во комерција, во трговија; комерцијалец.
комесар | м.
Лице на кое му е доверена специјална должност; повереник. Тој ќе биде комесар за прехрана.