комисионер | м.
Лице што посредува во трговска зделка за извесен процент од цената.
комисиски | прид.
Што се однесува на комисија, што го врши комисија. Комисиски извештај. Комисиски преглед.
комисија | ж.
Група луѓе што е службено назначена или избрана за извршување на некаква задача. Испитна комисија. Лекарска комисија. Дисциплинска комисија.
комита | м.
(истор.) Учесник во вооружената борба на македонскиот народ против турската власт; четник.
комитаџилак | ср.
комитаџија | ж.
комитент | м.
Тој што издава налози (на банка, на посредник, комисионер) за определени работи и зделки; налогодавач.
комитет | м.
Избрано раководно тело на партија. Централен комитет. Општински комитет.
комитетлија | м.
Член на комитет. Им ласка да бидат комитетлии.
комитлак | м.
Расправаме за комитлакот и за востанието. Татко му од комитлак глава не креваше.