комитство | ср.

Комитска дејност;

комитува | несв.

Дејствува како комита, е комита. Тргна да комитува. Се боревме ние, комитувавме.

комичар | м.

Актер што игра смешни, комични улоги. Овој артист е роден комичар. Во нашиот град ќе гостува големиот комичар.

комичен | прид.

Што содржи комика. Комична ситуација. Комична случка.

комињак | м.

коминарка. Голтка по голтка се пие домашниот комињак.

комка | чест.

Црковна причесна; при Имаа право да земат комка за мир.

комка | несв.

Прима причеста; причестува.

комкалница | ж.

Метална чаша за причесна; потир. Црква најдов отклучена, комкалница испиена, нафората подадена.

комов | прид.

Што е од комиње. Комова ракија.