комода | ж.

Низок орман со фиоки. Во собата имаше комода со фиоки.

комодитет | м.

Удобност, пријатност. Ти одбиваш да го жртвуваш својот комодитет.

комоника | ж.

Лековита ароматична билка со жолти цветови и плод во форма на исечен нокт, ноктец, орлови нокти; Melilotus officinalis.

комора | ж.

Соба, сопче, просторија.

Комори | и.

Островска држава во Индискиот Океан, северозападно од Мадагаскар.

коморџија | м.

Војник што ѝ припаѓа на воената комора. Коморџијата ги донесе четните казани.

комотен | прид.

Што е простран, широк; удобен. Комотна облека. Комотни чевли. Комотен стан.

комоција | ж.

Удобност. Живее во изобилство и комоција.

компактен | прид.

Збиен, густ, што е цврсто поврзан, сплотен. Компактна целина. Компактно население. Компактна група.