компировадачка | ж.

Алат за вадење компири од земјата. Компирите ефикасно се вадат со компировадачка.

компирџија | м.

Тој што е љубител на компири.

комплекс | м.

Збир од појави, предмети, својства, што прават една целина. Звуков комплекс. Ритмички комплекс.

комплексен | прид.

Што е составен од повеќе делови меѓусебно поврзани. Комплексен процес на производство. Комплексна работа.

комплементарен | прид.

Што се надополнува, што едно со друго прави целина. Националното и естетското во литературата секогаш треба да се во комплементарен однос.

комплет | м.

Збир од предмети, инструменти, уреди и др. што имаат слична примена и што заемно се дополнуваат. Комплет алати.

комплетен | прид.

Што е потполн, цел, целосен, што ги има сите делови.

комплетира | св. и несв.

Потполни, потполнува; дополни, дополнува нешто.

компликација | ж.

Ненадејна, неочекувана тешкотија; усложнување на дадена состојба.

компликува | св. и несв.

Направи, прави нешто да биде усложнето, заплеткано. Не го компликувај животот!