компензира | св. и несв.

Надомести, надоместува со нешто друго; Успеа да ја компензира штетата.

компетентен | прид.

Што има компетенција.

компетенција | ж.

Добра упатеност, знаење, стручност во некоја област. Професионална компетенција.

компилативен | прид.

Што претставува, што е резултат на компилација. Компилативно дело.

компилатор | м.

Лице што создава, што прави компилации. Обајцата не се писатели, ами компилатори, приспособувачи на туѓ текст.

компилација | ж.

Текст (книжевно, научно дело) составен врз основа на туѓи дела, без самостојна обработка.

компилира | св. и несв.

Изврши, врши компилација. Тој не е оригинален автор, туку компилира.

компир | м.

а) Едногодишно градинарско растение што образува плодови во земјата во форма на грутки, богати со скроб; Solanum teborosum. Ја насади леата со компири. Отидоа да ги копаат компирите. б) Самите плодови што се користат за храна. Печени компири. Салата од компири. Лупи компири.

компириште | ср.

Место, нива каде што се одгледува компир.

компиров | прид.

Што се однесува на компир. Запретав компирови главички во пепелта.