компликуван | прид.

Што е сложен, заплеткан, тежок за решавање, за разбирање, за изработка. Компликуван случај. Компликувана хиерархија. Компликуван механи

комплимент | м.

Пофалба (искрена или неискрена) упатена кон некого за да биде поласкан или да му се направи задоволство. Упати учтив комплимент. Тој е галантен во комплиментите. Доби комплименти за успешната радиоемисија.

комплицира (се) | св. и несв.

комплот | м.

Таен договор против некого, заговор.

комплотира | св. и несв.

Скове, кове заговор.

композит | м.

(грам.) Збор составен од два или повеќе збора. Композитот пингпонг е заемка во македонскиот јазик.

композитор | м.

Тој што компонира, автор на музичко дело. Современите композитори ја збогатија музиката со кантати и симфонии.

композиторски | прид.

Што се однесува, што му припаѓа на композитор. Композиторско дело.

композитски | прид.

Што е составен од повеќе делови.