компримира | св. и несв.

Изврши, врши компресија.

компромис | м.

Спогодба меѓу две или неколку страни, постигната со заемни отстапки. Постигна компромис. Предлог за компромис.

компромисен | прид.

Што е постигнат со компромис. Компромисен договор. Компромисно решение.

компромитација | ж.

Уривање на угледот на некого, предизвикување на неповолно мислење.

компромитира | св. и несв.

Направи, прави да се изгуби доверба во некого, да се создаде неповолно мислење; осрамоти, срамоти некого. Ти нѐ компромитираш сите.

компјутер | м.

Електронски уред способен да обработува податоци и да извршува различни задачи многу точно; електронски сметач.

компјутеризација | ж.

Воведување компјутерска обработка на податоците во разни дејности. Ова е век на компјутеризација.

компјутерски | прид.

Што се однесува на компјутер, што се прави со компјутер. Компјутерска игра. Компјутерска анализа.

компјутерџија | м.

Специјалист за компјутери и за работа со компјутери.