кому | зам.

комуна | ж.

Колектив на луѓе здружени во заедница врз принцип на заедничка сопственост и заеднички труд. Патријархална комуна.

комунален | прид.

Што се однесува, што ѝ припаѓа на комуна; општински. Комунални услуги. Комунален систем.

комуналец | м.

Лице што работи во комунално претпријатие, што се занимава со комунални работи (водовод, канализација, чистота, превоз).

комуналии | и.

Системи, средства и дејности од општ интерес за одвивање на нормален живот во градот, во општината (водовод, канализација, чистота, превоз).

комунар | м.

(истор.) Учесник во Париската комуна.

комунизам | м.

Според марксистите – општествено уредување што се карактеризира со одумирање на класите, со општествена сопственост на средствата за производство, во кое нема експлоатација на човек од човек и во кое се дава секому според потребите.

комуникативен | прид.

Што служи за комуникација, што се однесува на комуникација. Комуникативна функција на јазикот. Комуникативни средства.

комуникација | ж.

Сообраќајна врска (пат, железница итн.).

комунист | м.

Приврзаник на идејата за воспоставување комунистичко општествено уредување; член на комунистичка партија.