комуницира | несв.

Одржува врска со некого, општи. Комуницирале на таен јазик.

комфор | м.

Севкупност од удопства за работа, живеење, одмор. Прифатилиштата не го заменуваат домашниот комфор.

комфорен | прид.

Што овозможува комфор; удобен. Комфорна куќа. Комфорен хотел.

комшивка | ж.

Сосетка

комшилак | м.

Соседство. Ги слушаме децата од комшилакот.

комшиски | прид.

Што се однесува на комшии; соседски. Комшиска мачка. Комшиски двор.

комшиство | ср.

Соседство.

комшија | м.

Сосед. Добри комшии си муабетат преку плот.

кон | предл.

Насока, правец на движење. Одеа кон фабриката со забрзани чекори. Орелот леташе кон планинските врвови.