конвергентен | прид.

Што конвергира.

конвергенција | ж.

Стремеж кон приближување на некои особини или својства на појавите.

конвергира | св. и несв.

Се приближува, се здружува во една точка, се стреми кон исто. Мотивите конвергираат со глобалните поетски идеи.

конверзација | ж.

(ретко) Разговор, општење.

конверзија | ж.

Замена на едно нешто со друго.

конвертибилен | прид.

Што може да се замени.

конвертибилност | ж.

Заменливост на домашни пари за која и да е странска валута. Конвертибилност на домашната валута.

конвертира | св. и несв.

Изврши, врши конверзија.

конвој | м.

Вооружена придружба при транспорт на луѓе, пари, предмети. Конвојот со затвореници замина.

конвулзивен | прид.

Грчовит. Конвулзивен плач.