конак | м.
(истор.) Седиште на управата во турско време. Му судеа во конакот.
Конакри | ср.
Главен град на Гвинеја.
конакува | несв.
Престојува, ноќева. Конакува по крчми без да плати.
конакчија | м.
Туѓо лице што ќе намине на конак. Нема трага од конакчиите што се сменувале тука.
коначи | несв.
Патниците запреле тука да коначат.
коначиште | ср.
Конак. Работниците вјасаа кон своите коначишта.
конвексен | прид.
Што е испупчен. Конвексно огледало.
конвенира | несв.
Соодветствува, е по волја, е погодно, одговара. Овој живот им конвенира на мнозина. Му конвенира цената.
конвенционален | прид.
Што се засновува врз конвенција. Конвенционален акт.
конвенција | ж.
Меѓународна спогодба за некои важни прашања од правна, економска, политичка и др. природа. Двете земји се обврзаа со конвенција.