калвинист | м.
Приврзаник, следбеник на калвинизмот.
калдрма | ж.
Пат поставен со нерамен камен; каменот со кој е покриен патот. Пајтонот поскокнуваше по калдрмата. Уморно ги влечеше нозете по калдрмата.
калдрмиса | св.
Постави калдрма, поплочи со камен (пат, улица и сл.). Таа година ги калдрмисаа улиците.
калдрмџија | м.
Тој што поставува калдрма, што се занимава со калдрмисување.
кале | ср.
Тврдина, крепост. Се печеа на жешкото сонце наредени крај ѕидот од високото кале.
калеври | и.
Вид машки ниски, плитки обувки. Нивните калеври и излитени јемении се влечкаа по калдрмата.
калезба | ж.
Покана за свадба, веселба и сл.
калезма | ж.
калеидоскоп | м.
Оптичка направа во вид на цевка во која со помош на две огледала и разнобојни материјали (стакленца, камчиња и сл.) се создаваат различни фигури, кои со движење на цевката брзо се менуваат.
калем | м.
Шуплив дрвен, метален и сл. валјак за намотување конец, преѓа, жица и сл.; макара. Свилениот конец го намота на калем. Донесе еден калем бакарна жица.