калемар | м.
Тој што калеми, што се занимава со калемење.
калемарница | ж.
Просторија во која се врши калемење. Во калемарницата се врши машинско калемење.
калеми | несв.
Става, вметнува калем; На нив ќе ги калемиме питомиве што сега ќе ги насадиме.
калемќар | ж.
Вид тенка женска шамија за забрадување со шарки по работ. Напред одеше жената, забрадена во црн калемќар
калемџија | м.
кален 1 | прид.
За метал – што станал многу тврд со калење. Кален челик.
кален 2 | прид.
Што е со кал, што има, содржи кал; Кални патишта. Кална почва. Кални реки. Кална вода.
календар | м.
Систем од правила за сметање на времето, за делење на времето на временски единици (денови, недели, месеци, години); систем по кој се пресметуваат деновите и временските единици поголеми од ден. Грегоријански календар. Јулијански календар.
календарка | ж.
Машка горна облека.
каленик | м.
Млекото го истураше врз надробениот леб во каленикот.