конексија | ж.
Врска, поврзување.
конектив | м.
Дел од ткивото во животински или растителен организам што спојува определени делови;
конектира | св. и несв.
Поврзе, поврзува. Успешно се конектиравме на интернет.
конектор | м.
Направа со која се поврзува нешто, еден апарат со друг, апарат со систем за напојување и сл., приклучок.
конец 1 | м.
Усукани нишки (две или неколку) со еднаква дебелина по целата должина од памук, волна, свила или вештачки материјал што се користи за плетење, шиење, ткаење. Шие со игла и конец. Рибарски конец. Конец за шиење. Медицински конец.
конец 2 | м.
Завршување на нешто; крај, смрт. Се има конец.
конечен | прид.
Што е последен, што доаѓа по сѐ што претходело; краен. Конечно решение. Конечен резултат.
конзерва | ж.
Херметички затворен сад (обично лимена кутија) со прехранбен производ. За вечера отворивме една конзерва со риба.
конзерванс | м.
Хемиска материја или препарат што им се додава на прехранбените производи при конзервирање за да се зачуваат од расипување.
конзервативен | прид.
Што се придржува на стариот вообичаен ред и се противи на новото, на новите тенденции.