конзервативец | м.
Тој што е со конзервативни погледи, што не сака промени, што е против новото.
конзервативизам | м.
Конзервативни погледи на животот; особина на тој што е конзервативен. Вечна борба на прогресот против конзервативизмот. Тој е познат по својот конзервативизам.
конзерватор | м.
Стручно лице што се занимава со заштита и чување на историски, културноуметнички, архитектонски споменици и други реткости.
конзерваториум | м.
Највисока музичка школа. Студира пијано на конзерваториум.
конзерваторски | прид.
Што се однесува на конзерватор и на конзервација. Конзерваторска лабораторија.
конзервација | ж.
Одржување, чување и заштита на материјалното културно наследство (уметнички дела, објекти, книги итн.) од пропаѓање. Архитектите се посветиле на конзервација на спомениците на културата.
конзервен | прид.
Што се однесува на конзерва. Конзервна индустрија.
конзервира | св. и несв.
Заштити, заштитува од пропаѓање, од расипување; Фабриката конзервира печурки и краставички. Го конзервираат мостот.
конзилиум | м.
Состанок на двајца или повеќе лекари за утврдување на дијагнозата и лекување на болниот. Лекарски конзилиум.
конзистентен | прид.
Густ, јадар, цврст.