конзистенција | ж.

Степен на густина, на цврстина. Конзистенција на секретот. Конзистенција на почвата.

конзола | ж.

Носач (на балкон и сл.) прицврстен во ѕид само на едната страна.

конзул | м.

Дипломатски претставник на една земја во друга што ги штити интересите на својата земја и на нејзините државјани пред месните власти во другата земја. Генерален конзул. Прв конзул. Почесен конзул

конзуларен | прид.

Што се однесува на конзулска служба. Конзуларен чиновник

конзулат | м.

Дипломатско претставништво на една држава во странство на чело со конзул. Отвори конзулат.

коничен | прид.

Што е во облик на конус, конусен.

Конија | ж.

Град во Турција.

конкавен | прид.

Што има вдлабната површина; вдлабнат; Конкавни очила.