конквечерум | прил.

Приквечер. Конквечерум на вратата ми затропа некој.

конклузивен | прид.

Што содржи заклучок; што е заклучен. Конклузивна реченица.

конклузија | ж.

Заклучок изведен од некоја претпоставка. До ваквата конклузија нѐ водат четири забележувања.

конкордат | м.

Договор, спогодба, обично меѓу папата и некоја суверена држава за правата на католичката црква во таа држава.

конкретен | прид.

Што е достапен на сетилата, што може да се почувствува; вистински. Конкретно место. Конкретен предмет.

конкретизација | ж.

Постапка со која нешто станува конкретно; конкретизирање. Тематскиот план претставува конкретизација на глобалниот годишен план.

конкретизира | св. и несв.

Уточни, уточнува нешто; направи, прави нешто да стане конкретно. Да ги конкретизираме постапките. Конкретизирај ги барањата!

конкубина | ж.

Вонбрачна жена што живее во конкубинат.

конкубинат | м.

Вонбрачна заедница, законски неформализиран брак. Во тој конкубинат им се роди дете.

конкурент | м.

Тој што влегува во конкуренција, што конкурира некому; соперник. Во кожарството имаше многу конкуренти.