конкурентен | прид.

Што се однесува на конкуренција. Конкурентни услови.

конкурентски | прид.

Што се однесува на конкурент и на конкуренција. Конкурентска борба.

конкуренција | ж.

Соперништво на некое поле од работата, натпревар за постигнување подобри резултати. Силна конкуренција. Нелојална конкуренција. Отпадна од конкуренцијата.

конкурира | св. и несв.

Учествува во конкуренција, се натпреварува со некого да добие предност. Им конкурираше на најдобрите фирми во градот.

конкурс | м.

Натпревар на кандидати за добивање премија, служба, за запишување на некоја школа и сл. Пропозиции на конкурсот во медицинското училиште.

конкурсен | прид.

Што се однесува на конкурс. Конкурсна комисија.

коноп | м.

(бот.) Индустриска култура од чиишто стебла се добиваат влакна за изработување јажиња, грубо платно и др., а од семето се добива масло. Cannabis sativa. Собраа купишта коноп за ортоми и вреќи.

конопар | м.

Тој што прави коноп. Конопарите им ја продаваа стоката на трговците.

конопарче | ср.

Појна птица; Carduelis cannabinae. Шушкаат и пеат конопарчиња.