конопен | прид.
Што е од коноп. Конопна вреќа. Конопов конец. Конопово семе.
конопиште | ср.
Аугм. од коноп.
конопче | ср.
Тенко, кусо јаже;
конотативен | прид.
Што се однесува на конотација.
конотација | ж.
Придружно значење на зборот што се сугерира, што се привнесува по асоцијативен пат кон основното негово значење. Можни конотации за дете се: мало, мило, чедо, момче или девојче ...
конотира | св. и несв.
Добие, добива со конотација. Водачот за сите конотира: помирување, реализам, човечност и грижа за мир.
консеквентен | прид.
Доследен, постојан, непоколеблив. Консеквентен став. Консеквентна мудрост.
консеквенција | ж.
Суд, заклучок што логично произлегува од некоја претпоставка. Од сето ова можат да се изведат некои теориски консеквенции.
консекутивен | прид.
Последичен. Консекутивна реченица.
консензус | м.
Спогодба, одлука врз основа на согласност на сите заинтересирани страни. Донесоа решение со консензус.