консигнација | ж.

Продажба во којашто трговецот продава туѓа стока за определен процент од цената. Продава техничка стока на консигнација.

консолидација | ж.

Средување, зацврстување на нешто; обединување, сплотување на силите. Национална консолидација. Консолидација на земјата.

консолидира | св. и несв.

Изврши, врши консолидација; среди, средува; зацврсти, зацврстува; поправи, поправа. Ја консолидира фабриката.

консонант | м.

Изговара вокали и консонанти.

консонантизам | м.

Систем на консонантите во еден јазик. Да ги наброиме фонетските особености на консонантизмот во јазикот.

конспект | м.

Кусо излагање, куса содржина на некое дело, статија, предавање, говор и сл.

конспектен | прид.

Што е кус, прегледен. Конспектно излагање.

конспиративен | прид.

Што се прави во тајност, конспирација, строго доверлив, заговорнички, таен. Конспиративна група. Конспиративен состанок.

конспиратор | м.

Учесник во конспирација.