конспирација | ж.

Заговор, тајно организирање, работа во тајност. Не чини пред наши луѓе толкава конспирација.

конспирира | св. и несв.

Направи, прави заговор, земе, зема учество во конспирација. Ја конспирира својата мисија.

константа | ж.

Постојана, непроменлива величина.

константен | прид.

Постојан, непроменлив. Константна состојба. Константен интерес.

Константинопол | м.

Древното име на денешен Истанбул, од византискиот период.

Констанца | ж.

Пристаништен град во Романија.

констатација | ж.

Тоа што е констатирано, утврдена вистина, заклучок.

констатира | св. и несв.

Утврди, утврдува фактичка состојба на нешто; установи, установува. Констатиравме правилно финансиско работење. Лекарите констатираа тумор.

констелација | ж.

(астр.) Меѓусебна положба на ѕвездите; соѕвездие.

констипација | ж.

Запек, опстипација.