контемплација | ж.

Длабоко, мисловно вникнување, задлабочено размислување, набљудување.

контеса | ж.

Жена или ќерка на конте; Контесата пристигна на балот.

контешки | прид.

Што се однесува, што припаѓа на конте и на контеса. Контешко палто. Контешки накит.

контејнер | м.

Голем метален сандак за превоз на стока. Пристигна контејнер со морска риба.

конти | несв.

Гизди, дотерува. Да ја наконтиме невестава за свадбата.

контингент | м.

Договорено количество стоки во меѓународната размена (за увоз, извоз).

континент | м.

Огромно копнено пространство на Земјата, обиколено со мориња и океани. Европски континент. Американски континент.

континентален | прид.

Што се однесува на континент, што се наоѓа на континент, што е својствен на континент; копнен, сувоземен. Континентална земја. Континентална клима.

континуација | ж.

Продолжување, непрекинат тек, развој.

континуиран | прид.

Непрекинат, траен, постојан. Континуиран процес. Континуирана акција.