консумира | св. и несв.

Потроши, троши нешто (обично како храна, изеде, испие). Консумира алкохол.

контакт | м.

Допир, врска; дружење. Воспоставен контакт. Интимен контакт. Контакт на два јазика.

контактен | прид.

Што се однесува на контакт. Контактни точки. Контактна мрежа.

контактира | св. и несв.

Оствари, остварува врска со некого. Учителот контактирал со родителите на децата.

контаминација | ж.

Загадување со отровни, радиоактивни материи или со заразни бактерии. Радиоактивна контаминација на земјиштето.

контаминира | св. и несв.

Изврши, врши контаминација.

конте | ср.

Благородничка титула веднаш до маркиз; лицето што ја носи таа титула.

контекст | м.

Дел од текст (изговорен или напишан) од кој точно се определува значењето на една јазична единица (збор и др.) која е и самата вклучена во тој дел.

контекстуален | прид.

Што произлегува од контекст, што се однесува на контекст. Контекстуални врски. Контекстуален критериум.

контемплативен | прид.

Што е склон кон мисловно набљудување на светот; што се задлабочува во мисли за светот и животот.