континуитет | ж.

Продолжување без прекин, непрекинатост, постојаност. Воспитно-образовниот процес мора да се одвива во континуитет.

конто | ср.

Книговодствена сметка на која се бележат сите промени на паричните средства (приходи и расходи).

контра | ж.

Направа за сопирање велосипед; сопирачка. Контрата не ти работи, биди внимателен.

контра | прил.

Спротивно, обратно, против. Тргна контра.

контра- | претс.

Како прв дел на сложени зборови означува спротивност од тоа што е изречено во вториот дел од зборот: контраагитација, контрареволуција, контранапад.

контраадмирал | м.

Чин од високиот офицерски состав на воената морнарица, понизок од вицеадмирал; лицето што го носи чинот.

контрабанда | ж.

Тајно пренесување стока, оружје, злато, девизи и сл. преку граница за да се избегнат царинските давачки или прописите за забрана на слободна трговија со некои артикли.

контрабанден | прид.

Што се однесува на контрабанда. Контрабандни стоки.

контрабандист | м.

Тој што се занимава со контрабанда; криумчар.

контрабас | м.

Најголем и најдлабок гудачки инструмент.