контрабасист | м.

Тој што свири на контрабас. Заврши школа за контрабасисти.

контрадикторен | прид.

Противречен. Контрадикторна изјава.

контрадикција | ж.

Противречност. Реченото е во контрадикција со претходното.

контраиндикација | ж.

Спротивна појава, спротивен знак.

контракција | ж.

Стегање, собирање. Контракција на мускулите.

контрапункт | м.

Поврзување на две или повеќе мелодии во хармониска целина при нивното изведување.

контрареволуција | ж.

Активно противдејство врз извршената револуција, борба за воспоставување на претходниот поредок; противреволуција. Се поведе одмаздничка контрареволуција.

контраст | м.

Остро изразена спротивност; спротивставеност.

контрастен | прид.

Што прави контраст, што се изделува, што се одликува со контраст. Контрастен лик.

контрастира | св. и несв.

Направи, прави контраст. Завесата контрастира на мрачната соба.