контрахира | св. и несв.
Стегне, стега, собере, собира.
контрацепциски | прид.
Што се однесува на контрацепција. Контрацепциски средства.
контрацепција | ж.
Постапка за спречување на оплодување, спречување на забременување. Средство за контрацепција.
контрачета | ж.
Платена формација на непријателска војска за борба против партизаните. Окупаторот ја организираше активноста на контрачетите.
контрачетник | м.
Припадник на контрачета. Контрачетниците припукаа по партизаните. Контрачетникот беше прв доушник на пандурите.
контраш | м.
контрачетник.
контрибуција | ж.
Заеднички придонес, воен намет што го зема окупаторот од окупираното население.
контроверзен | прид.
Што е спорен, оспорлив, дискутабилен. Контроверзна личност.
контрола | ж.
Преглед, проверка, надзор. Финансиска контрола. Ненадејна контрола.
контролен | прид.
Што се однесува на контрола, што врши контрола; надзорен. Контролен орган. Контролен диктат. Контролна кула.