конуштиса се | св.

Се запознае со некого. На туѓина се конуштисал со него.

конфедеративен | прид.

Што се однесува на конфедерација. Конфедеративна држава.

конфедерација | ж.

Сојуз, заедница на повеќе суверени држави на која се пренесуваат дел од државните функции.

конфекционер | м.

Тој што произведува или продава конфекција.

конфекција | ж.

Индустриско производство на облека по стандардни големини.

конферанса | ж.

Најавување и објаснување на некоја програма.

конферансие | м.

Тој што раководи со некоја приредба, ја најавува програмата на јавна изведба. Ми падна честа да бидам конферансие на приредбата.

конференција | ж.

Состанок, седница, собир на повеќе луѓе за некој проблем; советување. Партиска конференција. Научна конференција. Конференција за печат.

конференцијаш | м.

Лице што постојано присуствува на состаноци, конференции и сл.

конферира | св. и несв.

Одржи, држи конференција, заседава, се советува. Министерот конферира со синдикатот.