конфесионален | прид.
Што се однесува на конфесија; вероисповеден. Конфесионална припадност.
конфесија | ж.
Вера, вероисповед, религија.
конфети | и.
Ситни колачиња.
конфигурација | ж.
Надворешен облик на нешто.
конфидент | м.
Доверлива личност, агент. Јас не сум доушник, ниту конфидент на власта!
конфирмација | ж.
Потврда на некоја пресуда или одлука.
конфискација | ж.
Принудно одземање без надомест на приватна сопственост, стока или недвижен имот во корист на државата. Конфискација на имотот. Конфискација на парите.
конфискува | св. и несв.
Изврши, врши конфискација, запленува, заплени. Му го конфискуваа имотот. Ја конфискувале книгата.
конфликт | м.
Судир, спор, расправија меѓу две или повеќе страни. Конфликт на интереси. Генерациски конфликт.
конформизам | зам.
Пасивно прифаќање и прилагодување на мислењето и постапките од средината. Малограѓански конформи