конформист | м.
Тој што лесно се прилагодува или се сообразува со нешто.
конфронтативен | прид.
Што е спротивставен еден на друг, споредбен. Конфронтативна јазична анализа.
конфронтација | ж.
Противставување, соочување, судир. Политичка конфронтација. Конфронтација на идеи.
конфронтира | св. и несв.
Соочи, соочува, противстави, противставува. Постојано се конфронтира со наставниците.
конфузен | прид.
Што е збркан, нејасен, збунет. Конфузна личност. Конфузен план.
конфузија | ж.
Збрка, метеж, збунетост, нејасност. Конфузија на просторот. Конфузија во мислите.
концентрат | м.
Тоа што е збиено, згуснато.
концентрационен | прид.
Што се однесува на концентрација. Концентрациона влада.
концентрација | ж.
Сосредоточување, собирање на едно место, згуснување. Концентрација на капиталот. Концентрација на сообраќајот.
концентрира | св. и несв.
Сосредоточи, сосредоточува, собере, собира на едно место. Грозјето концентрира многу шеќер.