концентриран | прид.
Што е сосредоточен, прибран. Коцентрираниот натпреварувач одговори точно на прашањето.
концентричен | прид.
Што има заеднички центар, средиште. Концентрични кругови.
концепт | м.
Нацрт на писмен состав или говор, план, скица. Си направи концепт пред испитот.
концептира | св. и несв.
Направи, прави концепт. Го концептира проблемот.
концепција | ж.
Замисла, сфаќање на работите, главна мисла. Концепција на наставните планови. Научна концепција. Идеолошка концепција.
концерн | м.
Капиталистичко монополско здружение што настанува со финансиско групирање на поголем број претпријатија.
концерт | м.
Изведба на инструментални или вокални композиции пред публика според одредена програма. Симфониски концерт. Концерт на Филхармонијата.
концертен | прид.
Што се однесува на концерт, што служи за изведба на концерти. Концертна сала. Концертно пијано.
концертира | св. и несв.
Даде, дава концерт; настапи, настапува како изведувач на концерт. Со џез оркестарот концертираше во многу земји.
концесивен | прид.
Со којшто се искажува или се означува некакво допуштање. Концесивна реченица.