концесионер | м.
Тој што добил концесија.
концесија | ж.
Договор на власта (државна или општинска) со приватно лице или со странска фирма за давање на користење, под определени услови, претпријатие, земја и друг имот или за вршење некои работи.
концизен | прид.
Што е стегнат, збиен, кус и содржаен. Концизен договор. Концизен исказ.
конципира | св. и несв.
Направи, прави концепт на нешто.
концлогор | м.
Скратен назив за концентрационен логор.
кончарка | ж.
Штичка на која девојчињата ги виткаат конците за везење. Бабата ѝ купи шарена кончарка за да везе нишка по нишка.
конче | ср.
кончен | прид.
Што е направен од конец. Кончени чорапи. Кончена блуза.
кончест | прид.
Што е како конец; што е сличен на конец. Кончесто стебло. Кончесто тело.
конјугација | ж.
(грам.) Промена на глаголот по лице, број и време.