конјунктура | ж.

Состојба во активноста на стопанството, во понудата и побарувачката, изгледи за деловен успех.

конјунктурен | прид.

Што се однесува на конјунктура; тој, тоа што се бара. Конјунктурна зделка. Конјунктурни занимања.

конјунктурист | м.

Лице што ја искористува конјунктурата, што се води од конјунктурата.

кооперант | м.

Член на кооператива; задругар. Семејството го издржува како кооперант на задругата.

кооператива | ж.

Доброволно здружение на луѓе што вршат одредена дејност; задруга. Земјоделска кооператива. Занаетчиска кооператива.

кооперативен | прид.

Што се однесува на кооператива. Кооперативни односи.

кооператор | м.

Соработник, помагач.

кооперација | ж.

(само едн.) Заедничка работа во иста цел; соработка, соработување.