кооперира | св. и несв.

Се здружи, се здружува или е во кооперација. Кооперира со селаните во пчеларството.

кооптација | ж.

Дополнување на составот на некој орган со нови членови без спроведување избори.

кооптира | св. и несв.

Изврши, врши кооптација. Кооптиран сум во комитетот.

координата | ж.

(мат.) Еден од елементите за одредување на положбата на една точка на рамнина или во просторот.

координатен | прид.

Што се однесува на координата

координационен | прид.

Што врши, што спроведува координација. Координационен одбор.

координација | ж.

Меѓусебно усогласување на дејства, функции, поими и сл. Координација на дејствата на двата комитета.

координира | св. и несв.

Поврзе, поврзува меѓусебно; усогласи, усогласува. Мозокот ја координира работата на нервниот систем.

коп | м.

Во рудник – место на коешто нешто се ископува. Јамски коп. Дневен коп.

копа | ж.

Куп сено или слама напластен во облик на конус; стог. Имаше доволно копи сено за цела зима.