копа | несв.

Обработува земја со мотика, копач и сл. Копа во градината. Копа лозје.

копалиште | ср.

Напуштени рудни копалишта.

копало | ср.

Тоа со што се копа; Имаше некакво копало за дворот.

копан 1 | м.

Чукало за перење алишта, за чукање и сл.; пиралка, пералка. Не може копан да го исчука ленот.

копан 2 | м.

Бут од птица. Јадеа печени копани.

копана | ж.

Издлабен сад од дрво. Донесе копана компири.

копаница | ж.

Резба. Таванска копаница.

копаничар | м.

Мајстор за резба во дрво; резбар. Копаничарот направи рам за иконата.

копаничарски | прид.

Што се однесува на копаничар и на копаница. Копаничарска тајфа.

копаничарство | ср.

Копаничарска дејност; резбарство. Цел живот се занимавал со копаничарство.