Копенхаген | м.

Главен град на Данска.

Копер | м.

Град во Словенија.

копец | м.

Метална направа за закопчување од два дела, машко и женско. Го закопча џамаданот со копец.

копиден | м.

Планинско цвеќе со листови во форма на копито, со темно модри цветови, цвета во април и мај, љубичица; Asarium europeum. Изникна копиден по скрките.

копиденов | прид.

Што му припаѓа на копиден. Копиденов цвет.

копилачка | ж.

Жена што има вонбрачно дете. Копилачката заноси пред да се омажи.

копиле | ср.

Вонбрачно дете. Копилето беше срам за семејството.