копаничи | несв.
Резбари, длаби на дрво. Копаничеа нови облици на сводот.
копанка | ж.
Корито од издлабено дрво, обично за хранење на стоката. Овците ги крмеа во дрвена копанка. Носи копанка со малтер.
копар | м.
Едногодишно растение со мали ливчиња и жолти цветчиња што се употребува како мирудија, во медицината и во козметиката; Anethum graveolens.
копарок | м.
Место обраснато со ситна шума.
копач | м.
Тој што копа земја, што копа во рудник итн. Работи како копач на бунари.
копачи | несв.
Искоренува растенија, чисти почва од растенија. Ја копачи земјата.
копачина | ж.
Ископачено земјиште. На местото на копачината имаше шума.
копачка 1 | ж.
Жена копач. Онаа копачкана цел ден не се одмори.
копачка 2 | ж.
Обувки за фудбал и за слични спортски игри.
копелка | несв.
Копа по малку. Копелка во дворот.