копилка | ж.

Женско вонбрачно дете. Копилката растеше поттурната од сите.

копилјана | ж.

Збирна им. за вонбрачни деца. Со копилјаната во селото никој не си играше.

копира | св. и несв.

Направи, прави копија од нешто. Ги копира фотографиите.

копитар | м.

Тревопасен цицач што има копита (коњ, зебра итн.) тревојади со копита.

копитен | прид.

Што има копита. Копитни животни.

копитница | ж.

Болест кај коњите од која им пукаат копитата. Чумата донесе копитница за коњите.

копито | ср.

Рожест израсток на крајот од ногата кај некои цицачи. Коњско копито. Еленски копита. Потковано копито.

копија | ж.

Точен препис на некој текст или документ. Копија на тестаментот.

копка | несв.

Копа по малку. Копка околу трендафилите.