копне | св.
копнее | несв.
Се топи од долната страна при што одозгора го задржува истиот изглед како пред топењето. Снегот копнее по ливадите.
копнеж | м.
Силна желба за нешто; мечта. Копнеж за авантури. Љубовен копнеж.
копнежен | прид.
копнежлив | прид.
Што е обземен од копнеж. Копнежливо срце. Копнежлив повик.
копнен | прид.
Што се однесува на копно; сувоземен. Копнена војска.
копни | несв.
За снег и мраз – се топи. Копни снегот по планините.
копно | ср.
Земја, суво место; вода. Бродоломникот здогледа копно.
копоран | м.
Кус горен капут со ракави, дел од народната носија. Копоран од шајак носеле само газдите.
копрал | м.
Остен со метален бодлец на едниот крај. Ги потера воловите со копралот.